| четврток, 6 декември 2018 |

Дефект ги остави без вода Драчево и повеќе скопски села

Поради уличен дефект ф-600мм на бул. „БорисТрајковски“ бб, пред мостот Драчево, ќе има продолжено прекинато водоснабдување на корисниците од насела Драчево, селата Студеничани, Батинци, Моране и Зелениково до санирање на дефектот.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација, станува збор за тешки теренски услови под мост на 9 метри длабочина, на цевка со профил од Ф600.

Две цистерни со вода за пиење ќе кружат низ населбите, со акцент кај градинките и училиштата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top