СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.Ѓ. (18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 14.11.2017 година, околу 16.00 часот на ул.„Иван Хаџи Николов“ во Скопје, н.м. Драчево, пријавениот, по претходна вербална расправија, физички го нападнал оштетениот, а потоа и со безбол палка го удрил во задниот дел од главата, по што оштетениот паднал во безсознание, а пријавениот го напуштил местото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.