| четврток, 6 декември 2018 |

Словенците два дена ќе ја празнуваат Нова година

par

Словенечкиот парламент во вторник вечер со убедливо мнозинство го промени Законот за државни празници, со што повторно се враќаат двата неработни дена за Нова година, што беше укинато пред четири години, како една од мерките на штедење.

За законската измена гласаше 61 пратеник, додека 10 беа против.

Некои претставници на опозицијата сметаат дека владата, која според најновите анкети ужива мала поддршка, со овој „популистички“ потег всушност ја „купува“ наклонетоста на гласачите, што владејачката партија го негира.

Претседателот на парламентот Милан Брглез рече дека укинувањето на вториот неработен ден во новогодишните празници пред четири години и не било толку неопходно и не дало никакви економски ефекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top