| четврток, 6 декември 2018 |

Во прегратките на идолот: Mалиот Муртаза не сакаше да го пушти Меси (Видео)

Цел свет дозна за малиот Муртаза Ахмади кој самиот со кеси си направи дрес од неговиот идол Лионел Меси. Веста со брзина на светлината го обиколи светот, а на ревијалниот меч во Катар, каде се сретнаа Ал Ахли против Барселона, домаќинот – спонзорот Катар Ервејс му приреди прекрасно доживување на Муртаза.

b964a20da1e54d9daa4b416b764dd975_18

Имено 6-годишното Афганистанче не само што се сретна со Меси, туку ја имаше честа и заедно со него да истрча на теренот, од каде не сакаше да го напушти неговиот идол. Тој постојано одеше во прегратките на Меси, кој не можеше да му одолее на ова детенце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top