На серијата победи на Арсенал вечерва и дојде крајот во Ливерпул, откако „топчиите“ загубија на гостувањето против Евертон со 2-1. „Карамелите“ играа променливо во последно време, но вечерва со фантастичен настап заслужено стигнаа до цел плен против фаворитот. Триумфот е уште поголем ако се знае дека Арсенал прв поведе со слободниот удар на Алексис Санчез, но избраниците на Роналд Куман направија целосен пресврт. Симус Колмен израмни на 1-1 по центаршутот на Бејнс.
Озил ја пропушти единствената посериозна шанса за Арсенал во вториот дел, Евертон повеќе ја посакуваше победата и на крајот стигна до неа со голот на Ешли Вилијамс во самиот финиш, по корнерот на Рос Баркли.
Лестер само неколку дена по големата победа над Манчестер сити се врати на губитнички патеки, откако актуелниот првак беше поразен на гостувањето против Бурнемаут (1-0). Пуг го постигна победничкиот гол за домаќините во првото полувреме, а „лисиците“ и покрај присуството на Слимани, Варди и Марез во првиот тим не успеаја да стигнат ддо израмнување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)