Пејачот Мирослав Илиќ 10 декември традиционално го прославува со многубројна публика – тој и годинава на својот 66 роденден, одржа концерт во преполниот Сава Центар, каде неговите фанови уживаа во вонвременските хитови.
-Навистина беше величествено – искрен е пејачот кој не мечтаел да стане она што е денеска.
-Мојот сон беше да завршам студии, да добијам стан, работа, класика. Но чудни се патиштата господови – искрен бил Мирослав, а тогаш во разговорот се уфрлила неговата сопруга Гордана.
-Сите планови му ги расипав – рекла Гоца, што Мирослав го насмеало до солзи.
Илиќ не крие дека поддршката од сопругата му е од големо значење, како и дека благодарение на неа успеал да преброди тешки животни ситуации.
-Таа ми беше најголем ветер во грбот, посилна е од мене, признавам – рекол Мирослав.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.