Зоран Заев, поразениот сака да ви ја украде победата. Сака да ги помножи вашите гласови со нула. Поразениот сака да стане победник. Народот глaсаше, Македонија гласаше, нема да му дозволиме да ја украде победата на народот на Република Македонија, нагласи Владимир Ѓорчев на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ која започна во 16 часот.
– Имаме јасна, кристално чиста победа. Победа во мандати, победа во број на општини, победа во број на гласови и тоа како потврдена и констатирана. Зоран Заев изминавите години доби се што бараше. Доби услови кој никој во светот не ги добил, а граѓаните на Македонија одлучија да го поразат, да ја поразат неговата политика и одлучија да ја задржат унитарноста на Македонија и уставниот поредок. За тоа кој ќе ја составува владата не одлучува Заев, туку одлучуваат граѓаните на Македонија преку слободно изразена волја. Оваа победа на ВМРО-ДПМНЕ ја верификуваа и потврдија меѓународните институции, ја потврди и верификуваше ЕУ, Моргерини, Хан, ОПСЕ, најголем број на набљудувачки што сме ги имале до сега. Победата на ВМРО-ДПМНЕ, на граѓаните на Македонија и на коалицијата од 25 политички партии ја потврди и ДИК. Со сите одложувања на пресови, со сите пролонгирања, по два дена броење, ДИК кажа јасно и гласно – победа во мандати, победа во општини и победа во број на гласови, истакна Ѓорчев.
– Заев излезе и се закани, но нека води сметка дека се заканува на 453 000 граани на РМ. Народот гласаше и нема намера да му дозволи на Заев да ја украде изразената волја на граѓаните. Тие се играат со трпението на трпелив човек. Се играат со глевот на трпелив човек. Доколку некој сака да му ја украде победата, трпеливоста на народот ќе премине во гнев,
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


