Ако пред изборите прашувавме колку пари чини кампањата на СДСМ и кој сѐ ги финансира скапите партиски активности, освен невработените претставници на Шарената револуција кои се најдоа на избирачките листи, денеска, два дена по изборите, слободно може да се преформулира прашањето – со колку црни пари СДСМ ги купи албанските гласови.
Неофицијално, „Република“ има информации, но се слушаат и сѐ погласни шпекулации дека СДСМ за еден глас плаќал од 10.000 до 30.000 денари, претежно во албанските средини во Скопско (Арачиново, Сарај, Студеничани, Чаир и др.) и Тетовско (Танушевци, Зајас и Шипковица) и Кумановско, односно во изборните единици 1, 2 и 6.
Според официјалните податоци од гласачките места, во околината на Скопје во средините што се населени со доминантно албанско население, значителен број етнички Албанци го дале својот глас за опозицијата. Вкупните процени се дека за опозициската партија гласале повеќе од 70.000 Албанци, што е прседан во Македонија една етничка заедница да гласа за партија на друга етничка заеница, во случајов за доминантно македонска партија.
Простата математика кажува дека ако 70.000 гласови се искешираат со по 500 евра, само за албанските гласови СДСМ обезбедил преку 30 милиони евра, многу повеќе од парите предвидени и легални за кампања.
Дали таму каде што има чад има и оган со оглед на тоа што се шират информации дека на денот на изборниот молк, во саботата, Зоран Заев лично посетувал околу 20 албански села и населени места во Скопско и Кумановско и остварил средби со поранешни команданти на ОНА, останува да каже СДСМ или да покаже времето.
Начинот и изворите на финансирање на СДСМ сѐ повеќе се наметнува како сериозно прашање на кое ќе мора да одговори Зоран Заев по изборите. А изборите поминаа.
Во време кога целиот имот на партијата е заложен под хипотека за кредит од милион и шестотини илјади евра во Комерцијална банка, како што пишувавме во јули, СДСМ си дозволува скапа кампања.
Си оглед на силната поддршка од Албанците за СДСМ кои во неделата доаѓаа организирано со автобуси и автомобили и од Косово, не е тешко да се заклучи дека наскоро Заев ќе треба да им испорача резултат од опасниот договор, за да ги задоволи нивните очекувања.
Во текот на кампањата Заев отворено зборуваше за воведување целосна двојазичност во Македонија, за промена на уставот, за редефинирање на земјата, а претставници од албанската дијаспора пак, потврдија дека со него разговарале за федерализација и кантонизација на Македонија. Заев од Берн исто така го слушавме како ветува нов рамковен договор, повеќе права за Албанците и во исто време како лицитира со националните интереси во замена за гласови.
Народот уште еднаш го потсетува СДСМ дека остана покус за одговорот на прашањето дали се легнати огромни суми пари на сметки на физички лица од најтесното раководство на СДСМ и исто така дали се легнати огромни суми пари на сметки на правни лица блиски до Заев, СДСМ и Сорос?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.