| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдена мртва 24-годишна девојка во Сарај

Вчеравечер во 19.26 часот во ЕИК Скопје, И.Т. пријавил дека во с. Сарај, Скопско, во стан на ул. „20“, ја пронашле почината нивната внука С.А. (24) од Тетово.

Таа е пронајдена во станот од страна на нејзиниот дедо, кој насилно ја отворил вратата. Дедото и нејзините браќа изјавиле дека таа била душевно болно лице.

По наредба на јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top