Крадци го украле црковното ѕвоно од храмот „Света Злата Мегленска“ во Сарај кое било тешко 160 килограми.
Според информациите на МВР, вчера Г.Ј. (48) од Скопје пријавил дека во периодот од 13 часот на 25 нември до 08 часот на утредента непознат сторител извршил тешка кражба во храмот „Света Злата Мегленска“ на влезот во село Сарај.
„Сторителот го украл црковното sвоно, камбаната, со тежина од 160 килограми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.