Експлозивна направа беше активирана минатата ноќ, половина час пред полноќ во двор на семејна куќа во скопската населба Сарај, при што оштетен е дел од куќата и возилото на сопственикот.
Во инцидентот нема повредени лица. Како што за МИА информират од МВР, настанот го пријавил сопственикот на куќата М.Д. од село Сарај во 23:40 часот.
Експертизата на местото на настанот ја спроведе СВР Скопје и тимот за борба против тероризмот. Во моментов нема информации за тоа кој и зошто ja ставил експлозивенaта направа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.