| четврток, 6 декември 2018 |

Се сликаше со „најлонски дрес“, денеска се сретна со својот идол (видео)

mesi

Муртаза Ахмади ги освои срцата на светската јавност откако се појави негова фотографија од Авганистан како игра фудбал во импровизиран дрес од Лео Меси, изработан од најлонски ќесиња. Веднаш реагираше Барселона и самиот аргентински ас, кои му испратија пакет со целосна опрема на шестгодишното момче – кому денеска му се исполни и огромната желба, лично да се запознае со Лионел Меси.

najlonski-dres

Барселона се наоѓа на кратка „екскурзија“ во Катар, а Организацискиот Комитет на СП 2022 успеа да договори кратка средба меѓу малиот Муртаза и неговиот голем идол.

„Сликата што цел свет сакаше да ја види. Шестгодишното момче кое сонуваше за средба со својот идол Меси, конечно се оствари“ – беше објавено на веб-страницата на Организацискиот Комитет на СП 2022.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top