Македонската ракометна репрезентација веќе го дефинираше планот за подготвителниот период пред Светското првенство во Франција.
Во првата фаза од подготовките, момците на Лино Червар ќе тренираат во Маврово од 20 до 30 декември. На 2 јануари 2017 година тренинзите продолжуваат во Скопје, а во периодот до заминувањето за Франција ќе се одиграат и три пријателски средби против селекцијата на Босна и Херцеговина, од кои една ќе биде од отворен карактер на 3 јануари.
Во првите денови од новата година се очекува Червар да го скрати списокот и да ги објави нашите адури за мундијалот во Мец. Противници на Македонија за пласман во втората фаза од групата Б се Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис и Ангола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.