Полицијата во Германија успеа да го уапси разбојникот кој со нога, низ скалите во метрото во Берлин, турна една млада жена. Видеото бргу се рашири по социјалните мрежи, по што поранешен телохранителот на поп ѕвездата Лејди Гага понуди награда од 2.000 евра за оној кој ќе го открие сторителот.
Камерите на станицата во октомври го забележале инцидентот во кој непознат маж со нога ја турка несреќната жена, која потоа паѓа по скалите.
Полицијата апелираше до сограѓаните да го пријават младиот човек доколку го препознаат, но никој не се јавил со информации за него, пишува Дејли Маил.
Мајкл Куер (54), поранешен телохранител на познатата ѕвезда неодамна понуди награда во замена за информација за напаѓачот и неговите соучесници.
Брзо по објавувањето на паричната награда, полицијата добила информации за напаѓачот кој набрзо бил уапсен.
Телохранителот Мајкл изјавил дека е апсолутен противник на насилство.
-Откако ја понудив наградата веднаш добив информација за напаѓачот. За локалните медиуми изјавив дека ќе донирам и 10.000 евра за решавање на случајот, и дополнителни 5.000 евра за повредената девојка и нејзиното семејство, рекол Мајкл Куер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)