Италијанскиот шампион Јувентус го доби Порто во осминафиналето од Лигата на шампионите, после денешната ждрепка од ова натпреварување. Потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед смета дека „бјанонерите“ не се фаворити против португалскиот претставник и според него, нема лесни противници во најелитното фудбалско друштво.
– Во Лигата на шампионите секогаш е тешко и не постојат лесни натпревари. Никогаш не сум бил задоволен од ждрепката, затоа што не знаеш што те очекува. Не треба никого да потцениме и доколку сакаме успех, ќе мора да одиграме максимално подготвено и респектабилно кон противникот – смета Недвед.
Првиот натпревар се игра во Португалија, на 22 февруари, додека пак реванш пресметката ќе биде на 14-ти март во Торино. Порто е добро познат на италијанската публика, затоа што во ЛШ ја елиминираше Рома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.