Во последниот натпревар од 16. коло во Серија А во дербито меѓу Рома и Милан кој се одигра синоќа на „Олимпико“, минимална победа од 1-0 оствари „римската волчица“. Напаѓачот на Милан, Мбаје Нијанг е трагичарот на „росонерите“ во дербито против Рома во рамките од , откако тимот од Рим успеа да слави со минимален резултат 1-0. Се играше 27-та минута, кога голманот Шчесни направи прекршок во казнетиот простор, а главниот арбитар досуди пенал за Милан.
Неуспешен во обидот беше Мбаје Нијанг, што му е втор промаршен удар од белата точка во последните два натпревари. После неколку минути, се закани Един Џеко, но за среќа на Милан, таа топка не заврши во нивната мрежа. Мирно започна второто полувреме, со борба на средината од теренот, а Раџа Наинголан во 62-та минута ја доведе Рома во водство. Белгиецот си направи простор, упати одличен удар од 20 метри, што беше неодбранливо за младиот Донарума.
До крајот на мечот, тренерот на „росонерите“, Винченцо Монтела направи неколку измени, кои не вродија со плод, а со овој пораз Милан падна на третата позиција, додека пак Рома се зацврсти на второто место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)