| четврток, 6 декември 2018 |

Боб Дилан не се појави на доделувањето на Нобеловата награда

Боб Дилан, добитникот на Нобеловата награда за литература ќе дојде во посета на Шведска во почетокот на април 2017 година, кога, најверојатно, ќе подигне награда и ќе одржи традиционално предавање.

Причина за посетата, сепак, нема да е самата награда, туку концерти на изведувачот, закажани за 1, 2 и за 9 април во Стокхолм и Лунд, објавија организаторите на настанот од „Лајв нејшн“. Дилан не присуствуваше на церемонијата на доделувањето на наградите во Стокхолм на 10 декември.

Оовогодишните добитници на Нобеловата награда за медицина, економија, физика и хемија ги примија своите награди на гала свеченоста во саботата во Стокхолм.

Претходно во текот на денот, Нобеловата награда за мир му беше врачена на колумбискиот претседател, Хуан Мануел Сантош, за неговите напори да се стави крај на педестегодишниот конфликт со марксистичките бунтовници.

Деветмината присутни лауреати ги примија наградите од кралот Карл Густав Шеснаесетти, во концертната сала украсена со илјадници розови рози и амаралиси, кои ги донираше италијанскиот град Сан Ремо, каде што почина Алфред Нобел на 10 декември 1896 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top