Во сите изборни единици, со исклучок на првата, победата ја однесоа кандидатските листи предводени од ВМРО-ДПМНЕ.
Слика која е речиси идентична со претходните два изборни циклуса во 2014 и 2011 година, со таа разлика што тогаш во првата изборна единица со големи разлики коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ја имала предноста пред онаа предводена од СДСМ. Со други зборови, освен во „единицата“, каде што носителот на листата Никола Попоски е поразен од противкандидатот од СДСМ Стево Пендаровски, во сите останати носителите на листите на ВМРО-ДПМНЕ убедливо испливаа први.
Изборна единица 1
2016: ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски; СДСМ Стево Пендаровски
2014 ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски; СДСМ Рената Дескоска
Пендаровски го победи Попоски со 19.357 гласа повеќе, односно освои 92.190, а Попоски го заокружиле 72.833 гласачи. Во 2014 година во оваа ИЕ предноста од 15.463 гласа повеќе била во рацете на носителот од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Слична предност е изгласана и на претходните предвремени парламентарни избори во 2011 година.
Изборна единица 2
2016: ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров; СДСМ Оливер Спасовски
2014: ВМРО-ДПМНЕ Гордана Јанкулоска; СДСМ Петре Шилегов
Во втората ИЕ листата Никола Тодоров го порази социјалдемократскиот кандидат Оливер Спасовски со 3.870 гласа разлика.
На предвремените парламентарни избори во 2014 година на контото на нистелката на ИЕ 2, Гордана Јанкулоска, легнале 74.649, а на противкандидатот Петре Шилегов од СДСМ само 40.603 гласа, што претставува победа на ВМРО-ДПМНЕ со 34.046 гласа.
Изборна единица 3
2016: ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски; СДСМ Љупчо Николовски
2014: ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров; СДСМ Марјанчо Николов
И во претходните два изборни циклуса „тројката“ им носи најубедлива победа. Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во 3 ИЕ, Илија Димовски, на овие избори обезбеди убедлива победа на владејчката коалиција со 21.625 гласа повеќе од противкандидатот Љупчо Николовски. Всушност, во оваа изборна единица најмногу гласови се легнати на контото на коалицијата на чело со ВМРО-ДПМНЕ 102.829 наспрема 81.204 за СДСМ.
Изборна единица 4
2016: ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски; СДСМ Зоран Заев
2014: ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ставрески; СДСМ Хари Локвенец
Во четвртата ИЕ, каде што силите си ги мереа лидерите на двете партии, Никола Груевски и Зоран Заев, победата е на страната на првиот, но предноста е далеку помала ако се споредат победите во бројки со претходните гласања во 2014 и 2011 година. Во неделата гласањето заврши со 101.617 гласа за Груевски и 94.780 за Заев. На претходните избори во оваа изборна единица разликата во корист на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ е дури 39.805 глас.
Изборна единица 5
2016: ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски; СДСМ Радмила Шекеринска
2014: ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски; СДСМ Васко Ковачевски
Во петата ИЕ разликата е повторно тесна. Па, така, носителот на ВМРО-ДПМНЕ во „петката“, Антонио Милошоски, освои 72.340, а неговата противкандидатка Радмила Шекеринска 71.020.
Пред две години на истиот, свој, терен Милошоски го совлада Ковачевски 33.583 гласа разлика.
Изборна единица 6
2016: ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев; СДСМ Петре Шилегов
2014: ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски; СДСМ Стојко Пауновски
Во „шестката“ Влатко Ѓорчев го победи Петре Шилегов со 306 гласа разлика, а Стојко Пауновски пред две години доживеа дебакл – Никола Попоски ја освои ИЕ 6 со убедливи 25.911 наспрема 12.142.
Фантомите на СДСМ фантомски исчезнаа
Вака пресметани гласовите провоцираат дилема во однос на таканаречените фантомски гласачи. Имено, споредбата на освоените гласови од коалицијата на чело со ВМРО-ДПМНЕ – 452.709 со нивните гласови во 2014 година, односно 481.615, лесно е пресметливо дека станува збор за само 28.906 гласа помалку.
Kаде исчезнаа оние 150.000 украдени гласови на претходните избори за кои Стево Пендаровски тогаш тврдеше дека имаат докази, прашува Дневник. Наводната изборна измама за која тој и партиското раководство на СДСМ обвинуваа никогаш не се докажа. А доколку постоела, логично е сега барем минимум 100 илјади луѓе помалку да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. А да не зборуваме дека кога почна да се проблематизира Избирачкиот список, опозицијата и медиумите блиски до неа шпекулираа со број од речиси 500 илјади фантоми, кои потоа станаа 300 илјади, па 150…
Од друга страна, пак, на претходните избори во 2014 коалицијата на чело со СДСМ освои 283.955, односно 152.514 помалку отколку на неделното гласање – 436 469. Останува дилемата од каде се слеаја овие плус гласови? На крајот уште една нелогичност создава забуна. Во неделата гласале 1.189.481 гласач, односно 68.737 повеќе од претходните избори, а 33.432 повеќе од оние во 2011 година. Доколку постоеја фантоми и тие се избришани во согласност со спроведената вкрстена проверка, како е возможно на овие избори да гласаат повеќе од претходните кога „фантомите“ произведени од СДСМ уште не беа откриени?
38.712 НЕВАЖЕЧКИ ЛИВЧИЊА
Бројот на неважечки ливчиња на овие избори е најголем во споредба со претходните два изборни циклуса. Во неделата се изброени 38.712 неважечки ливчиња, таа бројка во 2014 година изнесуваше 23.428, а во 2011 – 31.985. Поголема од оваа е бројката на претседателските избори во 2009 година кога биле регистрирани 45.513 неважечки ливчиња.
24 часа откако ДИK ќе прогласи победник, техничките министри и замениците мора да ги напуштат фотелјите.
Во рок од 24 часа откако Државната изборна комисија ќе ги објави официјалните резултати, техничките министри и заменик-министрите ќе треба да ги напуштат функционерките фотелји оти нивниот мандат (на само сто дена пред избори) завршува со изборниот ден. Така се договорија четирите политички партии во Пржино со цел да се отстрани каква било можност на чело на владините институции да останат луѓе што не се избрани од народот, ами од договорот на политичките партии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата