| четврток, 6 декември 2018 |

Авион слетал во Њујорк поради закана од бомба

Авион на „Луфтханза“ кој летал од Хјустон кон Франфурт бил принуден да слета на аеродромот Џон Кенеди во Њујорк поради закана од бомба.

Летот 411 со 530 луѓе беше насочен кон оддалечен дел од аеродромот во 20:30 часот по локално време, соопшти Управата за транспорт на Њујорк и Њу Џерси.

Заканата била упатена во централата во Келн. Нема повредени и не е нарушена работата на аеродромот, јавуваат американски медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top