| четврток, 6 декември 2018 |

Зоран Заев треба да поднесе оставка и да се врати во Муртино (видео)

Државната изборна комисија ја потврди победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на предвремените парламентарни избори одржани вчера. ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратенички мандат, додека СДСМ два помалку, односно 49.

ВМРО-ДПМНЕ го добива мандатот за составување на новата Влада. Бидејќи ќе нема пратеник од дијаспората, следниот пратенички состав ќе брои 120 пратеници, односно потребни се 61 пратеник за формирање на Влада. За ВМРО-ДПМНЕ ова да го оствари, потребно е да коалицира само со ДУИ, партија која освои 10 пратенички мандати.

ВМРО-ДПМНЕ и после 2 години невидена црна кампања и напади, во кои СДСМ беше само инструмент, освои резултат приближно ист како во 2014-та година. Разликата во македонското гласачко тело меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се уште е околу 100.000 гласови.

zaev2СДСМ го компензираше поразот со огромната поддршка од етничките Албанци. Заев за ветувањата за федерализација и кантонизацијата на Македонија доби над 70.000 гласови, кои беа пресудни за конечниот исход. Од СДСМ се пофалија за голема поддршка во Брест, Арачиново, Студеничани, Диво Насеље.

Заев, пак,  најави дека ако загуби ќе поднесе оставка и ќе се повлече од политичката сцена. Но иако Заев е поразен со околу 20 илјади гласови разлика, сепак се претставува како победник на изборите.

-Уверен сум дека ќе победиме. Народот сака промени, режимот е прочитан. Но сепак, ако победи мафијата, јас ќе поднесам оставки на сите политички функции и во СДСМ и во општина Струмица и ќе се вратам на бизнисот, изјави Заев за Телма пред неколку дена.

Тој истото го повтори и вчера по гласањето, кога изјави дека ако на вака значајни избори се случел негативен резултат, тогаш му завршува политичката кариера.

-Ако на вака значајни избори се случи негативен резултат тогаш ми завршува политичката кариера, рече Заев само неколку часа пред да биде поразен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top