Од ДИК синоќа најавија дека во текот на денов ќе излезат со конечните резулати и распредлелбата на мандатите, но се уште нема најава за прес конференција. Рокот во кој сите очекуваа ДИК да излезе со официјални податоци за распределбата на мандатите завршуваше во 19 часот, но од ДИК велат дека рокот е испочитуван со самото тоа што тие веќе излегоа со податоци за гласовите по изборни единици, а мандатите можат да бидат соопштени и подоцна.
„Во ДИК се уште има членови на општинските изборни комисиси кои доставуваат изборен материјал и печати, влегуваат со кутиите и членовите истите ги прегледуваат. Утврдуваат дали се сите на број. Официјалната прес-конференција не е објавена. На прашањето дали ќе го испочитуваат рокот од 24 часа, објаснувањето е дека тие го запазиле рокот со тоа што околу 3 часот ги објавија резултатите, а мандатите не се прекршување на рокот. Велат, ниту една партија не поднела приговор околу изборните резултати“, вели нашата репортерка од терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.