Крајно време е ДИК да ги објави резултатите од парламентарните избори и да ги објави мандатите, јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ има кристална победа со значителна разлика, повика денеска ВМРО-ДПМНЕ. Загрижени сме, посочи Влатко Ѓорчев, дека претседателот на ДИК, Чичаковски, денеска на пладне си заминал со објаснување дека „мора да оди да спие“ од 12 до 19 часот, на денот кој што е најважен еднаш во четири години кога треба да си ја заврши работата.
– Чичаковски да каже дали во меѓувреме навистина спиел или заминал некаде на консултации и средби? Заминување од 7 часа од местото каде што тој треба да ги констатира гласовите, да ја констатира волјата на граѓаните на РМ, е навистина индикативно- посочи Ѓорчев.
Споредувајќи со работата по изборите во многу побројните држави, од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека сродните комисии на ДИК броеле гласови на 70,80 милиони жители, па и 300 милиони жители, со резултати кои биле многу по тесни за неколку илјади гласа и многу по блиски, па по неколку часови ги објавуваат резултатите.
Но, потсети Ѓорчев, по неколку часа по затворањето на кутиите оној кој што загубил се јавува кај оној кој што победил и му честита.
-Ние веќе цела ноќ и цел ден со јасна изразена волја на граѓаните ниту имаме честитка од СДСМ ниту констатирање на очигледната разлика и поголем број мандати што ги има ВМРО-ДПМНЕ. Мапата на Македонија е црвена. ВМРО-ДПМНЕ има победа во преку 50 општини, а СДСМ во одвај 10тина општини. апелираме да се почитува волјата на граѓаните, македонија вчера гласаше, констатирајте го тоа, пребројте го тоа и објавете ги резултатите и мандатите- повика Ѓорчев.
-Да не помислат, да не помислат, да ја фалсификуваат волјата на гласачите. Да не помислат да ја фалсификуваат волјата на изборачите. Македонија гласаше, имавме фер и регуларни избори, цела Европа ги призна тие резултати, набљудувачите оценија дека изборите минаа во најдобар ред и време да се признаат резултатите. Време е да се честита на победникот, а победникот на овие избори е ВМРО-ДПМНЕ со најголем број на мандати- нагласи Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)