Меѓународните набљудувачи акредитирани за следење на изборите во Македонија ОБСЕ/ОДИХР го оценија процесот на броење на гласовите во Државната изборна комисија како добар и транспарентен иако уште рано изутрина запна на 99,72%. Речиси 24 часа ДИК не успева да собере податоци, иако станува збор за само уште 10 избирачки места од дијаспората, каде се гласаше во саботата.
Амбасадорката Тана Де Зулиета, која ја предводи набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР рече дека одложувањето на соопштувањето на првичните резултати од вчерашното гласање од страна на ДИК „не значи дека нужно укажува на неправилности“.
Таа верува дека ова, како што рече, поголемо внимание во однос на резултатите и нивната проверка не мора да значи дека укажува на неправилности.
Оваа изјава фрла сомнеж дали меѓународните набљудувачи имаат увид и контрола врз ситуацијата во ДИК и врз основа на што констатираат дека броењето е „добро и транспарентно“.
ДИК ги проби сите рокови за да ги соопшти конечните резултати од предвремените парламентарни избори и распоредот на пратенички мандати.
Прашањето кое струи во јaвноста е дали во ДИК во моментов се врши некаков притисок за мандатите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да бидат пата-пата и дали има дипломати и други претставници на меѓународната заедница кои вршат притисок да се скине 1 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
На прес-конференцијата што се одржа предмалку ОБСЕ/ОДИХР констатираат дека гласачкиот процес е поситивен во 97% од набљудувањето и дека процедурите биле почитувани.
За пропуст се смета тоа што 335 лица се пожалиле дека не гласале затоа што ги немало на избирачките списоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот