Исчезнат велешанец по кој полицијата трагала долго време, е конечно пронајден и спречен да си го одземе животот. Според податоците од полицијата, триесетина минути по полноќ на улицата „Гоце Делчев“, 19-годишниот Н.Д. од Чашка, велешко, кој се водел како исчезнат, се качил по скалите од дрвена куќарка, по што испил две ленти таблети „аналгин“, а потоа со жилет се обидел да си ги пресече вените на рацете.
Тој се решил да си го одземе животот откако се скарал со неговата девојка од Прилеп.
Н.Д. на 10. месецов избегал од Јавната установа „Ранка Милановиќ“. Во моментов се наоѓа во болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.