| четврток, 6 декември 2018 |

Велешанец паднал од висина од 10 метри и починал

Велешанец паднал од висина од 10 метри и починал на лице место.

-Вчера околу 08.40 часот било пријавено дека на улица „Богдан Прличков“ во Велес, додека Б.Ѓ.(72) ги полевал дрвјата во дворот, се лизнал и паднал од висина од околу 10 метри на задниот дел од куќите на неговите соседи- се наведува во соопштението од МВР.

Екипа од Итната медицинска помош и полициски службеници го извадиле Б.Ѓ. од непристапниот терен, по што со возилото на Итната медицинска помош бил пренесен во болницата во Велес, каде била констатирана смрт.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top