
Англискиот гигант, Манчестер Сити, за свој противник во осминафиналето на Лигата на шампионите го доби Монако, а по ждрепката во Нион директорот на „граѓаните“ Чики Бегиристаин даде доста интересна изјава:
– Моментално Монако игра најдобар фудбал во Франција, но ние сме задоволни од ждрепката. Имаме почит кон нашиот противник, тој има многу перспективни и млади играчи, но за нас е идеален противник.
Монако во групната фаза покажа дека може да се носи со богатите островски клубови, совладувајќи го двапати лондонски Тотенхем со идентични 2-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


