Еден од тројцата играчи на бразилскиот фудбалски клуб Чапекоенс кој ја преживеа авионската несреќа во која загинаа 71 лице, се уште не знае за трагедијата која се случи. Во падот на авионот загинаа 19 играчи, а од шестмината преживеани, биле и тројцата фудбалери- Алан Рушел, Џексон Рагнар Фолман и Елијо Ермито Зампијер Нето.
ТВ Глобо јавува како Нето кој сега се наоѓа на одделението за интензивна нега во колумбиската болница, кога се разбудил од кома, прво прашал за резултатот на натпреварот со Атлетико Национал на кој се упатиле со авион.
Телевизиската станица известува како лекарите избегнувале да разговараат со него за несреќата по препорака на психолози кои тврдат дека сознанието за трагичната смрт на неговите пријатели би предизвикало шок кој би влијаел врз неговото закрепнување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Роналдо признал дека ја силувал Мајорга!
-
(Вознемирувачка содржина) Нема преживеани лица во авионската несреќа во Индонезија
-
Животот со глава се плаќа во мандатот на Филипче: Родилка во кома хоспитализирана на геријатрија
-
Вида гол, во четири часот наутро и пее серенада на својата сопруга, ова е нејзината реакција (Видео)