Ракометната селекција на Македонија на СП 2017 ќе го добие големиот борец Филип Миркуловски, меѓутоа ќе биде без голманот Борко Ристовски. Селекторот Лино Червар на прес-конференцијата образложи зошто Ристовски, кој е дел од Барселона, не е повикан и воедно потврди дека Жути веќе разговарал со репрезентацијата.
– Не е дека Борко не е повикан затоа што Колев е во подобра форма или обратно. Го почитувам Борко лично, не е ништо персонално. Има убава кариера, бранеше во Рајн Некар-Левен, сега во Барселона. Ако не е во репрезентацијата, не значи дека нема да биде повикан во иднина. Тој беше емотивно истрошен на последните мечеви, четири средби не беше на ниво, влијаеше неуспехот во Гдањск. Затоа го менуваме составот. Тоа е моја одлука. Не сакам да се мисли дека имам нешто лично против него, само сметам дека луѓето се уморни од неостварените амбиции. Треба да бидеш неверојатно мотивиран за да играш за репрезентацијата. Што се однесува до Миркуловски, веќе разговаравме со него, потврди дека пак ќе игра. Освен, ако не се случи нешто неочекувано – изјави Червар.
Миркуловски реши да се пензионира по натпреварот против Чешка во јуни, а настапот на Светското првенство во 2017 година ќе биде прв настап за него оттогаш. Од искусните, пак, покрај Борко, во селекцијата не е повикан и Ацо Јоноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Не зборувајте со невестата, носете само коњски реп: Гостите добиле листа со 10 правила за присуство на оваа свадба (ФОТО)
-
Како навива секој од хороскопските знаци на Светското првенство?
-
Душан се роди! Борко Ристовски доби син
-
Измамен од седум метри: Борко Ристовски прими мајсторски гол од пенал (видео)