Карлос Тевез уште еднаш покажа зошто важи за фудбалска икона во Аргентина, откако го реши големото дерби меѓу Ривер плата и Бока јуниорс кое гостите го добија со 2-4.
Ривер во првото полувреме имаше предност од 2-1, но домашните фудбалери во вториот дел капитулираа пред Тевез, кој со два гола самиот донесе резултатски пресврт, пред Сентурион да ги постави конечните 2-4.
Ова е идеалниот начин за збогување од Бока, доколку Тевез навистина реши да се пресели во Кина и да ја прифати понудата од неверојатни 40 милиони евра по сезона. На потег е Карлос Тевез, кој во најскоро време дефинитивно ќе „пресече“ чиј дрес ќе го носи во 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)