Два месеци мина од „скандалот“ кој се случи во емисија, кога Николина Пишек и постави на Гоца Тржан повеќе прашања кои на пејачката не и се допаднаа.
По „инцидентот“ кој предизвика големо внимание, откако Гоца демонстративно ги погледна хартиите со прашањата, ги фрли на под и ја напушти емисијата, по што се огласија и Тржан и Николина.
Прво Гоца изјави дека се што се случило не било прв пат, а потоа Николина во два наврати јасно изјави како целата работа била наместена и дека Гоца самата си ги пишувала спорните прашања!
По целиот настан, конфликтот меѓу двете не престана. Затоа што, повторно се огласи Тржан.
„Да оде*ат сите полуводителки со ширење на „естрадни лаги“ во кои со години толку уживале, со себе преку мене. Фала однапред“, порача Гоца преку Твитер.
Не сме сигурни дали Николина ќе одговори на ова, но ако тоа се случи тешко дека оваа непријатна ситуација ќе има брз крај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)