Откако една седмица ја мина како 204. рангирана тенисерка во светот, Лина Ѓорческа одново забележа пад од едно место на светската ВТА ранг листа. Една седмица мнината без активности влијаше еда најдобро рангираната македонска тенисерка забележи пад од едно емсто во поединечната конкуренција. Во конкуренцијата на двојки, Ѓорческа остана стационирана на 129. место што е најдобар ранг во нејзината кариера.
Магдалена Стоилковска забележа пад на светската ВТА ранг листа и во двојки и во поединечна конкуренција. Во поединечна конкуренција, Стоилковска сега е рангирана како 1173. тенисерка што е пад од едно емсто во однос на минатата ранг листа додека во двојки направи пад од пет места и сега е 1185. рангирана.
На врвот кај дамите нема промена. Кербер е на првото место со 2030 бодови повеќе од второрангираната Серена Вилијамс. Радванска го дополнува триото на врвот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.