Еден од најжестоките момци на белградскиот асфалт Љубомир Магаш, кого сите го знаеја како Љуба Земунац, беше убиен во 1996 година пред судот во Франкфурт. Убиецот беше Горан Вуковиќ Мајмун, но нарачателот никогаш не се дозна.
Љуба почина на истиот начин како и што живееше, лудо, на улица и брзо. Тој ден беше дојден во судот во Франкфурт да ѝ објасни на германската полиција за некои поранешни дела и не очекувал дека може да го застрелаат, па не носел и панцир. Кога се сретнал со Мајмунот, само му дофрлил „тргни се“, што било доволна причина да го почека кога ќе излезе надвор.
Кога Љуба излегол на улицата, Вуковиќ испукал еден куршум и Земунац се струполил. Подоцна убиецот изјавувал дека не бил дојден да го ликцидира, но бил изреволтиран од неговото однесување.
– Се плашев од Љуба, но не сакав да го убијам. Ми беше идол, но му се плашев дури и кога го испукав првиот куршум – изјавил Мајмунот во полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка