| четврток, 6 декември 2018 |

Србов: Во цел свет стабилна влада има и со еден пратеник разлика

Од 2008 година, од онаа победа на ВМРО-ДПМНЕ, во македонското општество се создаде едно размислување, една слика, дека доколку имаме победник на парламентарни избори, дека тоа треба да биде со некоја огромна разлика, изјави во Отвореното студио на ТВ Нова политичкиот аналитичар Никола Србов.

-Истава ситуација се случуваше во 2011 г., кога се пресече таа големата разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Тогаш луѓето говореа, „леле каков пресврт“ или „што се случува“. Ние треба да бидеме свесни дека во соседни земји, во цел свет, со еден пратеник разлика се прави стабилна влада- потенцираше Србов.

-Ние од 2008-ма имаме таков впечаток, дека треба да биде огромна разликата, едната партија да ја прегази, буквално да ја сомеле другата партија и тоа да го сметаме за победа. Не, не е така. И со оваа разлика што ја има сега ВМРО-ДПМНЕ, повторно си е во предност- категоричен е Србов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top