Едно лице загинало, а две биле повредени откако два автомобили пропаднале во дупка која преку ноќ се отворила во американскиот град Сан Антонио.
Дупката се раширила преку целата улица, а се отворила поради тоа што пукнал одводот од канализацијата, рекле градските службеници. Длабочината на дупката набрзо достигнала шест метри, а веднаш по отворањето започнала да се полни со вода, поради што немало спас за постарата жена која била во првиот автомобил кој паднал во неа.
Нејзиното тело било извадено подоцна, и набрзо било установено дека всушност се работи за заменичката на шерифот на округот Бексар, Дори Линди Нишихара, пренесува „Ен-Би-Си“.
Кратко потоа во дупката влетал и друг автомобил од кој бил извлечен 60-годишен маж, кој имал полесни телесни повреди.
Пожарникарите во текот на целиот вчерашен ден ги извлекувале автомобилите од дупката, и тоа во многу опасни околности. Тлото било нестабилно, и можело да се урне во секој момент и да ги загрози нивните животи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)