Натпреварот бил одигран под посебни правила, доколку немаш промил во себе – не се признава погодокот!
Норвешките шегаџии собрани од порталот “Humornieu” пред неколку денови организирале фудбалски натпревар кој историјата ќе запамети по тоа што сите играчи на теренот биле прилично пијани.
Да, добро прочитавте, на играчите пред излегувањето на тревникот им било наредено да се опијат во соблекувалните, па и пред самиот двобој на теренот во Мјондален биле забележани неколку помали инциденти.
Натпреварот бил очекувано забавен, на моменти и груб, па бил одигран според посебни правила кои се однесувале на судиите и стрелците.
Имено, делителите на правда покрај свирчињата морале да носат и дигитални алкотестери, бидејќи задачата им била да ги поништуваат головите на стрелците кои во себе имале помалку од еден промил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)