| четврток, 6 декември 2018 |

Неагу одигра симултанка, 10 гола во мрежата на Унгарија за прва победа во втората рунда

kristina-neagu

Кристина Неагу играше симултанка за прва победа на Романија во втората групна фаза на Европското првенство за жени во Шведска. Романките ја декласираа Унгарија и се израмнија со Норвешка и Данска во борбата за полуфинале.

Најдобрата романска ракометарка одигра фантастични први 30 минути, реализирајќи 7 од 15 гола за својата репрезентација. Продолжението од натпреварот не донесе ништо ново, а Неагу продолжи да ја полни мрежата на Унгарките. Натпреварот го обележа високиот процент на реализација на романската репрезентација (68%) што беше клучот за убедливата победа од 29-21.

Во последниот натпревар од втората група вечерва се игра скандинавското дерби помеѓу Данска и Норвешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top