Бројката на жртвите од вчерашниот двоен терористички напад во Истанбул постојано се зголемува и во овој момент изнесува над 30 починати, ситуација која секако го потресе и фудбалски свет со оглед на тоа најголем дел од жртвите се полицајци кои го обезбедувале стадионот на Бешикташ за време на мечот со Бурсаспор.
Страшните сцени од Истанбул го сплотија цел народ кој жали за загубени животи, а оваа вечер ни пристигна една навистина тажна и емотивна сцена од натпреварот меѓу Галатасарај и Газиантепспорт.
Фаворизираниот Галатасарај славеше со 3:1 благодарение на трите гола кои ги постигна Озтекин, но фудбалерот на домаќините посебно ја трогна јавноста со својот емотивен поздрав до загинатите и солидарното прегрнување на двајцата полицајци од специјална единица кои вчера ги загубија своите колеги.
Ağlattın Bizi, @Yasinoztekin_11 Öztekin….😢 pic.twitter.com/PBtTYsx2m9
— Selim Rıfat (@Selim_Rifat) December 11, 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)