| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: Поразениот да ги прифати резултатите, победникот веднаш да се зафати со работа

Граѓаните да гласаат во мирна, фер и демократска атмосфера, да покажеме дека сме зрело општество со функционална демократија, порача денеска претседателот на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) Стевчо Јакимовски откако гласаше на избирачкото место во ООУ „Димо Хаџи Димов“.

– Нека победи демократијата. Граѓаните да гласаат во мирна, фер и демократска атмосфера како што доликува на еден европски цивилизиран народ, нека го искористат своето право на глас и на демократски начин да одлучат кој треба да ги води во наредните четири години, рече Јакимовски.

Според него, вечер ќе има јасен победник на изборите.

– Поразениот достоинствено да ги прифати резултатите и да му ја честита победата на победникот, а победникот да не се однесува реваншистички, туку веднаш да се зафати со работа. Максимално да се посветиме на решавање на приоритетите и секојдневните проблеми на граѓаните и да ги надоместиме изгубените две години политичка криза, додаде Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top