| четврток, 6 декември 2018 |

Во Кочани до 17 часот гласале 62 отсто од запишаните граѓани

133480316-92732

Во општина Кочани до 17 часот бројот на граѓаните кои излегле да гласаат изнесува 20.723 што преставува 62 проценти од вкупниот број на запишани 32.933 граѓани со право на глас.

До Општинската изборна комисија не се поднесени забелешки за нерегуларности во изборниот процес, изјави Далиборка Стојанова, претседателката на Општинската изборна комисија во Кочани.

Во општина Виница до 17 часот гласале 9.481 граѓанин со право на глас од вкупно запишаните 17.071 или во проценти 56 отсто. Во општина Чешиново Облешево до 17 часот е забележана излезност од 66 отсто. Од запишаните 5.716 гласале 3.783 граѓани, додека во општина Зрновци до 17 часот гласале 58 отсто од запишаните 2.613 граѓани, односно гласале 1.523 граѓани со право на глас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top