Јувентус конечно доби еден дерби натпревар на гостински терен, откако „старата дама“ по голема битка триумфираше на градската пресметка со Торино со 1-2. Гонзало Игуаин беше човекот на одлука, откако Аргентинецот ги постигна двата гола за Јуве, по водечкиот погодок на Белоти за домашниот состав. Засилувањето од Наполи најпрвин израмни на додавање на Манџукиќ, а потоа во второто полувреме постигна прекрасен гол за водство, со удар од петнаесетина метри од вртење совладувајќи го Џо Харт. Игуаин промаши две шанси за хет-трик во самиот финиш, пред Миралем Пјаниќ да стави точка на „битката за Торино“ со гол во судиското продолжение.
Палермо ниту под водство на новиот тренер Корини не успева да ја прекине серијата порази. Сицилијанците попладнево загубија со 0-2 на домашен терен од Киево, уште повеќе продлабочувајќи ја резултатската криза. Илија Несторовски ги одигра сите 90 минути, но македонскиот ас трет натпревар по ред не успеа да се запише меѓу стрелците.
Резултати Серија А:
Калјари – Наполи 0-5, Аталанта – Удинезе 1-3, Палермо – Киево 0-2, Торино – Јувентус 1-3, Болоња – Емполи 0-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)