Во општина Новаци до 17 часот гласале 71,82 отсто од вкупниот број на гласачи кои според единствениот избирачки список се 2.985.
Претседателот на ОИК-Новаци, Стевче Стевановски изјави дека избирачкиот процес се одвива слободно и демократски и очекува до 19 часот бројот на лица кои имаат право на глас да се зголеми.
Од ОИК-Могила информираат дека до 17 часот гласале 63 насто од вкупно 5.455 граѓани кои имаат право на глас.
-Гласањето се одвива на 23 избирачки места, соопшти претседателот на општинската изборна комисија во општина Могила, Славко Велевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.