Вработените од клиничката болница ” Аџибадем Систина ” денеска успешно ја спроведоа вежбата за спасување во случај на пожар и покажаа дека можат да одговорија на сите предизвици во случај на вонредни и непредвидени состојби. Болничкиот персонал покажа брза реакција и успешна евакуација на пациентите и сите присутни во болницата. Целата акција беше предводен од Штабот за заштита и спасување на болницата спроведена во координација и поддршка на екипата на противпожарна за гаснење на пожар.
Едночасовната вежба опфати обука за превенција од појава на пожар, вежба за справување со пожар, евакуација на пациенти, посетители на болницата, вработени, како и повредени лица и нивен пренос до безбедна локација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



