| четврток, 6 декември 2018 |

Мирни избори во Тетово и Гостивар

25,65 проценти е излезноста на граѓаните од Тетово до 13 часот, односно гласале 20 319 граѓани. Гласањето се одвива во најдобар ред и не се регистрирани никакви нерегуларности.

Од општинската изборна комисија во Тетово информираат дека изборниот ден тече без сериозни нарушувања на изборниот процес.

Мирно е и во Гостивар како и во околните села. Во Гостивар излезноста до 13 часот е 24,3 проценти. Во општина Брвеница пак, до 13 часот гласале 25 проценти од жителите, а во Јегуновце 25 проценти.

Во шестата изборна единица има вкупно 307.817 гласачи запишани во избирачкиот список, кои можат да гласаат на 516 избирачки места. Само во Тетово има 79.306 гласачи и 117 гласачки места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top