Откако ќе се затворат гласачките места изборниот материјал, избирачките ливчиња записниците патуваат до општинските изборни комисии. Треба да стасаат во рок од 5 часа.
Општинската изборна комисија е таа што ги брои гласовите ги сумира резултатите и составува записници кои ги предава до државната изборна комисија.
Првичните резултати кои ДИК ги добила по електронски пат ги објавува постепено а резултатите добиени од записиниците на општинските комисии треба да ги објави во рок од 12 часа по завршување на изборите.
Сите учесници во изборната трка односно сите подносители на кандидатски листи може да поднесе приговор до ДИК во рок од 48 часа од објавувањето на првичните резултати. ДИК пак треба да одлучи по приговорот во рок од 48 часа. Незадоволните од ваквата одлука во рок од 24 часа од приемот, имаат право на жалба до Управниот суд кој пак во 48 часа треба да се произнесе.
Граѓаните чие избирачко право било повредено може да поднесе приговор до ДИК во рок од 24 часа, а ДИК треба итно да одлучи во рок од 4 часа. И во овој случај незадоволните можат да се жалат пред Управниот суд и да чекаат одлука во рок од 48 часа
За поништување на гласањето на некое од избирачките места потребно е ДИК по службена должност или по разгледување на нечив приговор да донесе решение за поништување. За жалба против ваквото решение одлучува Управниот суд. Новото повторено гласање во избирачкото место треба да се изврши 14 дена по првото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


