| четврток, 6 декември 2018 |

Весна Бејби за Есма: Почивај во мир и чекај ме да си ја запееме Чајорие, шукарие

Актерката Весна Петрушевска сподели емотивен статус на Фејсбук за за кралицата на ромската музија Есма Реџепова која утрово не напушти и замина во вечното почивалиште.

-Мама Есма ја познавав со години, насмеана, отворена, секогаш со нешто важно да ми потшепне на увце… Се гордееше со своите деца, живееше за нив, и беше важно да ја истера својата мисија до крај. Првите точачиња што го имаа Кирил Мина беа од мама Есма. Знаеше да се радува. Слушнав дека била неарна но се надевав дека ќе и помине. Почивај во мир и чекај ме да си ја запееме Чајорие, шукарие. Со колку трпеливост ме научи како треба и што е важно кога се пее ромска песна, не е само до срцето има нешто и во солзите и тагата..Ти беше насмеана кралица со тажно срце… Почивај во мир маме, напиша Петрушевска.

vesna-2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top