Бројот на жртви по терористичкиот напад во Истанбул што се случи во непосредна близина на стадионот на Бешикташ се искачи на 29 лица. Автомобил – бомба експлодираше во непосредна близина на стадионот нешто повеќе од еден час по натпреварот со Бурса. Навивачите на гостинскиот тим биле евакуирани во непосредна близина на автомобилот, а само неколку минути откако тие ја минале „кобната точка“ дошло до експлозија, и тоа додека крај него минувал автобус што превезувал полицајци.
„Во терористичкиот напад во Истанбул животот го загубија 29 лица, од кои 27 полицајци и двајца цивили. Бројот на повредени се искачи на 186 лица. Стануваше збор за две експлозии, од кои првата автомобил бомба, а втората за бомбаш самоубиец“ – изјави Заменик – премиерот во турската Влада, Нуман Куртулмус.
За жал, турската метропола се почесто е на удар на терористите, кои почнаа да таргетираат и спортски настани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Адеми на изложбата „Скопски материјални и духовни проблесоци“ во Истанбул