| четврток, 6 декември 2018 |

Челси не попушта, со деветтиот триумф во низа не го испушта врвот (видео)

diego-kosta

Диего Коста уште еднаш се покажа како вистинско богатство за тимот на Челси, откако шпанскиот репрезентативец го постигна победничкиот гол за „сините“ на дуелот со ВБА. Лондонскиот клуб се мачеше да го скрши бункерот на гостите од Бирмингем, цели 70 минути не создаде ниту една единствена шанса, за потоа Коста со еден момент на магија да му побегне на својот директен чувар, пред од неверојатен агол да ја затресе мрежата на гостинскиот тим.

Тоа беше сосема доволно за тимот на Антонио Конте да стигне до цел плен и да ја одржи предноста од три бода во однос на градскиот ривал Арсенал, кој моментно е второпласиран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top