Бетис ја прекина серијата од четири порази во АЦБ-лигата триумфирајќи на гостувањето против Хувентуд (88-94), а најзаслужен за големата победа во Бадалона е македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски. Токму тој беше стрелец на клучните поени со кои Бетис стигна до триумф, спасувајќи го тренерот Жан Табак од отказ.
Средбата мина во израмнета игра во која двата тима се менуваа во водство. Бетис поведе со одлични 80-86 на три минути до крајот, но грешките во нападот на тимот на Стојановски им овозможија на кошаркарите на Хувентуд да израмнат на 86-86. Одговорноста врз себе во вистински момент ја презеде капитенот на нашиот национален тим, Војдан погоди тројка на 36 секунди до крајот и му донесе предност на Бетис од 86-89. Веќе во следниот напат врз Стојановски беше направена лична грешка по што Македонецот два пати беше прецизен од линијата за слободни фрлања, со што ја осигура победата, на крајот изразена со конечни 88-94.
Стојановски постигна 16 поени (2/3 за три, 3/4 за два, 4/4 за еден поен), со што беше втор стрелец на својот тим, зад Американецот Локет со 27 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ноќ за заборав на „Бернабе“: Натпреварот со Бетис најлош на Роналдо во последните две години (Видео)
-
Барса лесно го совлада Бетис, Меси три пати ја погоди рамката од голот (Видео)
-
Стојановски: Две различни полувремиња, покажавме карактер
-
Стојановски: Задоволни сме што победивме со мал број примени кошеви