| четврток, 6 декември 2018 |

До 13 часот во Битола излезност 41,24 отсто, а во Демир Хисар 37,84 отсто

glasanje-izbori-31

Општинските изборни комисии во Битола и Демир Хисар информираат дека гласањето на денешните предвремени парламентарни избори се одвива мирно.

– Гласањето во Битола се одвива на 170 избирачки места и досега гласале 33.909 граѓани од евидентираните 82.212 или 41,24 отсто граѓани со право на глас- соопшти Зоран Насев, претседател на ОИК ­Битола. Гласачите од Битола и гласачите од Демир Хисар избираат кандидати за пратеници од ИЕ 5. ­

Во Демир Хисар се гласа на 35 места каде се евидентирани 7.247 граѓани. До 13 часот гласаа 37,84 отсто од граѓаните или 2.752 лица, потврди Митко Јанкуловски, претседател на ОИК ­Демир Хисар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top