До 13 часот одѕивот од гласањето на денешните предвремени парламентарни избори е 34,86 проценти од обработени 3.300 од вкупно 3.524 избирачки места, соопшти на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Чичаковски.
На гласање до 13 часот излегле 581.899 од вкупно запишаните 1.784.416 граѓани во Избирачкиот список. Излезноста во првата Изборна единица е 38,35 проценти, во ИЕ 2 е 33,67 проценти, во ИЕ 3 е 38,67 проценти, во ИЕ 4 е 39,13 проценти, во ИЕ 5 е 33,55 проценти, а во ИЕ 6 одѕивот е 23,85 проценти.
– ДИК нема официјални сознанија и информациин за нарушувања на изборниот процес и гласањето се одвива во мирна и фер атмосфера, без неправилности, рече Чичаковски.
Според портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска, до ДИК се поднесени 20-ина приговори, а досега разгледаните се од граѓани кои се пожалиле дека ги немало на Избирачкиот список. Од досега разгледаните приговори е утврдено дека овие граѓани биле на списокот со спорни гласачи и не поднеле барање за пријавување во предвидениот рок, појасни Гугучевска.
Излезноста во 10 часот од денешните избори изнесуваше 9,49 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
Во живо прес конференција на Христијан Мицкоски
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција